Поврзете се со нас

Германија

Шампионски пресврт на Леверкузен: „Фармацевтите“ губеа до 88. минута, но на крајот славеа победа (Видео)

Објавено

на

Хофенхајм беше на добар пат да ја прекине неверојатната низа од 38 натпревари без пораз на Баерл Леверкузен, но „фармацевтите“ со нов шампионски пресврт стигнаа чекор поблиску до титулата во Бундеслигата.

Тимот на Чаби Алонсо направи неколку луди пресврти и постигнуваше голови во самите завршници од стартот на сезоната, а тоа го повтори и денеска на „Бај арена“.

Хофенхајм се покажа како крајно незгоден противник и Бајер погоди за 0:1 пред крајот на првиот дел, што беше доволно добар предизвик за Чаби и неговите фудбалери.

Леверкузен сериозно напаѓаше и никако не успеваше да го совлада Бауман, но во самата завршница повторно дојде до израз шампионскиот дух на овој тим на Алонсо.

Андрих „поклопи“ една повратна топка во шеснаесетникот и израмни на 1:1 во 88-та минута, а тоа им даде крилја на домаќините кои преку Шик погодија за 2:1 и победа во 91-та минута.

На овој начин, Леверкузен направи уште еден сериозен исчекор кон титулата во домашното првенство, бидејќи пред „Дер Класикер“ дербито меѓу Баерн и Борусија има предност од 13 бода на табелата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни