Поврзете се со нас

Италија

Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/SerieA

Фиорентина и Интер вечерва го доиграа мечот кој започна на 1 декемеври и беше прекинат откако на теренот колабираше Едоардо Бове, меч кој вечерва се комплетираше во целост и тоа со убедлива победа на „виолетовите“ од 3-0.

Се тргна од 17 минута и по првиот дел немаше промени со тоа што мора да се каже дека гостите реализираа преку Карлос Аугусто, но истиот беше поништен со помош на ВАР поради офсајд.

Во вториот дел домаќините се  „распукаа“ и 60 до 68 минута постигнаа два погодици преку Раниери и Кен и со голема самодоверба влегоа во самата завршница во која Кен даде уште еден гол за огромно славје на „Артемио Франки“.

Ова беше само втор сезонски пораз на Интер кој сега со ист број на натпревари има три бода помалку од лидерот Наполи.

Интересно е тоа што Интер и Фиорентина за неколку дена имаат ново соочување, па ќе видиме дали избраниците на Инѕаги ќе се одмаздат за овој тежок пораз.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни