Поврзете се со нас

Македонија

Шампионот ќе добие нов тренер: Раул Алонсо си замина од Пелистер!

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hceurofarmpelister

Шпанскиот ракометен стратег, Раул Алонсо нема повеќе да го предводи актуелниот македонски првак Еурофарм Пелистер.

Клубот од Битола ја информираше јавноста дека Алонсо е веќе минато, а причината е токму тој затоа што побарал раскин на договорот поради семејни причини.

-Еурофарм Пелистер и Раул Алонсо спогодбено ја прекинаа соработката. До прекин на соработката дојде по барање на тренерот кој поради приватни причини побара да се врати во Германија.

-Еурофарм Пелистер му се заблагодарува на Раул и му посакува многу успех понатаму, –истакнаа од Пелистер.

„Зелено-белите“ под водство на Алонсо ја одбранија титулата на домашната сцена, па ова негово заминување е изненадување и не е изненадување затоа што во изминатиов период се појавија информации дека е на мета на бундеслигашот Лајпциг.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни