Македонија
Сејдини: Битола доби репрезентативен стадион…

Фудбалската федерација на Македонија ги заврши активностите од проектот за осветлување на стадионот „Петар Милошевски” и го пушти во употреба рефлекторското осветлување на фудбалската гордост во Битола.
На бетонски столбови долги речиси 50 метри поставени се повеќе од 250 големи светилки кои го ослетлуваат теренот и трибините на “Петар Милошевски”. Во последната фаза, се работи уште на калибрирањето на светилките.
– Обврските кои Фудбалската федерација на Македонија ги презеде за реконструкција на стадионот во Битола, целосно се завршени. Од поставувањето на тревна подлога со дренажен систем и систем за наводнување на тревникот, се до модерно и по стандарди на УЕФА рефлекторско осветлување. Средствата ги обезбеди ФФМ преку “Хет-трик” програмите на УЕФА.

foto: FB/Фудбалска Репрезентација на Македонија
-Со изградбата на новата јужна трибина и со проектите кои ги реализиравме, Битола доби репрезентативен стадион, но исто така важно е дека покажавме дека заедно со локалната самоуправа можеме многу да си помогнеме за развој на фудбалот и инфраструктурата во еден од нашите најголеми фудбалски центри. Пелистер се врати во Првата лига и од есен ќе гледаме натпревари под рефлектори во Битола, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.
-
Италија19 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија20 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија14 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија20 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет17 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија21 час
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија13 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
АТП12 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)