Поврзете се со нас

Италија

Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)

Објавено

на

Foto:x.com/AlNassrFC_EN

Искусниот Стефано Пиоли по една година повторно ќе работи во Италија и тоа во клуб во кој веќе одработи еден мандат.

Пиоли ја остава зад себе епизодата од Ал Наср и Саудиска Арабија и тоа со ангажман во двократниот италијански шампион-Фиорентина.

Тој со „виолетовите“ потпиша договор до 30 јуни 2028 година.

-Многу сум среќен со доаѓањето на Стефано Пиоли на чело на првиот тим на Фиорентина. Од првите зборови што ги имавме заедно, видов (од тренерот) добри вредности и желба да се бори за овој клуб и овој град кој тој го познава толку добро. Јас, моето семејство и цела Фиорентина му посакуваме добредојде назад на Стефано и му посакуваме се најдобро во оваа нова авантура во дресот на Виола, -порача претседателот Роко Комизо.

59-годишниот стратег доаѓа на „Артемио Франки“ како наследник на Рафаеле Паладино.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни