Италија
Се огласи еден од најповиканите по шпекулациите за Локатели: Тој сака да игра во Јувентус
Изминативе неколку дена фудбалската јавност во Италија е преполна со шпекулации поврзани со иднината на Мануел Локатели кој блеска на Европското првенство.
Играчот од средниот ред се поврзува со трансфер во Јувентус, кој според медиумите е најголем фаворит за потписот на Локатели.
За да го добијат 24 годишниот фудбалер, од Јувентус подготвиле понуда во висина од 30 милиони евра плус младиот романски стопер, Раду Драгушин. Младиот Драгушин се најде на неколку натпревари во сениорскиот тим на Јувентус и според многумина е еден од најдобрите млади фудбалери на Апенините.
Токму неговиот агент, Флорин Манеа во интервју за италијанскиот „Калчомеркато“ истакна дека засега нема ништо од разговори за негово заминување во Сасуоло како дел од трансферот на Локатели.
– Тој сака да остане во Јувентус, не сака да си оди. Има понуди од Англија и Германија, но тој сака да игра за Јувентус. Никој досега не ни се јавил, сета почит до Локатели, но немаме добиено никаква понуда. Му пратив понуда на директорот на Јувентус, а од таму ми кажаа дека нема ништо во врска со тоа.
– Ако Драгушин замине, тоа ќе биде само на позајмица за да добие повеќе минутажа, но негова цел е да остане под договор со Јувентус. Ако Јуве сака тој да си замине, ние ќе најдеме решение, и тоа не мора да биде Сасуоло, -јасен бешеМанеа.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план