Франција
Се јави и дежурниот критичар на „светците“: Меси е голема грешка, наметнува погрешен ритам во ПСЖ!
Жером Ротен веќе извесно време се истакнува како дежурен критичар на ПСЖ и обично не штедеше негативни коментари за Нејмар и Килијан Мбапе, но сега „удри“ и по Лионел Меси откако големата тројка остави многу лош впечаток на гостувањето во Манчестер кај тимот на Пеп Гвардиола.
Ударното напаѓачко трио на ПСЖ во повеќе наврати одеше по теренот во ситуација кога домаќините со сите играчи беа во половината на ПСЖ, став за кој добија жестоки критики од француската и англиската јавност, поддржани и од големи имиња како Џејми Карагер и Тјери Анри.
Последен се јави и Жером Ротен кој е познат по своето минато во клубот, но во последно време со своите жестоки критики за составот кој го води Маурисио Покетино.
– Се повеќе и повеќе мислам дека Меси беше грешка од страна на ПСЖ. Кога го носите Меси, очекувате толку многу работи од него, но не видовме ништо такво од стартот на сезоната. Тој дојде за да ги подобри соиграчите, но не го прави тоа. Мора да престанете да ми велите дека е потребно време. Веќе сме во декември и нема време за чекање во фудбалот.
– Едноставно, овој тим на ПСЖ ги нема карактеристиките за играч како Меси, играч кој знае да ја задржи топката, да го забави темпото и да направи разлика. Наметнува погрешен ритам во овој ПСЖ, ритам кој е погрешен за играчите кои го опкружуваат. Водечките луѓе на клубот очигледно заборавиле дека потребно е играчите да го следат темпото на Меси за да го видиме сиот негов сјај. Тоа го нема во актуелниот ПСЖ, – потенцира Ротен за „Радио Монте Карло“.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план