Германија
Сане постигна мајсторски гол од слободен удар, Баерн броеше до седум на „Алијанц арена“ (Видео)
Неколку дена по импресивната претстава на „Камп Ноу“ во Барселона, Баерн Минхен продолжи онаму кадешто застана во Каталонија, или поточно, демонстрираше уште понемилосрдно издание во најновата бундес пресметка во Германија.
Баерн Минхен важеше за апсолутен фаворит против Бохум, а тоа го оправда на теренот такашто го испрати гостинот со седум „парчиња“ во својата мрежа од „Алијанц арена“.
Лерој Сане одговори фантастично на критиките и игра извонредно откако Нагелсман го смести на левата крилна позиција, па со денешниот мајсторски гол од слободен удар, дојде до учинот од пет погодоци и седум асистенции на последните осум меча кои ги одигра.
Крилниот фудбалер испрати неодбранлив удар од слободен и ја отвори серијата на Баерн, која потоа продолжи со погодоци на Кимих и Гнабри и автогол на Василис.
Баерн постигна уште четири гола во второто полувреме, но последниот на Милер беше поништен поради офсајд и конечниот резултат гласи 7:0. Во вторите 45 минути, Левандовски го постигна петтиот гол за домаќините, Кимих со втората реализација зголеми на 6:0, а Чупо Мотинг беше стрелец на последниот регуларен гол.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
АТП14 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)