Европски првенства
Самоуверениот Лукаку ги прозва Куртоа, Азар и Де Брујне по освоеното Скудето во Италија
Ромелу Лукаку ја освои првата титула во Италија во својата втора сезона во Интер, но белгискиот напаѓач доби уште поголеми амбиции по освоеното Скудето, па реши да ги испрозива своите соиграчите од белгиската фудбалската репрезентација кои воедно се носители на играта.
Првиот напаѓач на Конте имаше огромна улога и значење во освојувањето на толку посакуваната титула во Серија А, но Лукаку вели дека ова за него е само почеток, бидејќи годината сака да ја круниса и со освоена титула на Европското првенство како важен дел од првиот тим на „црвените ѓаволи“.
– Се надевам дека и останатите белгиски фудбалери ќе освојат титула до крајот на сезоната. Куртоа, Еден и Торган Азар, Де Брујне…. Чекам и они да освојат титула, со таков дух и таков пристап, ќе ни биде многу полесно да победуваме заедно.
– Освоената титула дефинитивно ви ја крева самодовербата, ти го дава убиствениот инстинкт кој сега го чувствувам. Не сакам да застанам тука. Овој менталитет го немав досега во кариерата, ова ми недостасуваше.
– Мојата работа не завршува со освоеното Скудето, моја цел е титулата на Европското првенство, – потенцира Лукаку.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија14 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план