Свет
Само еден италијански тим во топ 10 ранкингот на УЕФА (Фото)

По одиграното финале во Лигата на Европа во кое Ајнтрахт Франкфурт ја освои првата титула во Европа по пауза од 42 години, УЕФА го објави најновиот ранкинг на најдобрите тимови во светот и тоа донесе интересна ситуација во топ 10.
Меѓу десетте најдобри тимови во Европа има само еден италијански тим и тоа доволно говори за актуелниот квалитет и коефициент на Серија А, додека четирите највлијателни тимови од Англија се изборија за доминација на премиерлигашите во овој поредок.
Јувентус е единствен претставник од Италија во топ 10, додека англиски преставници се Ливерпул, Манчестер Сити, Челси и Манчестер Јунајтед. Финалистот во Лигата на шампионите е на второто место според УЕФА, а првото му припаѓа на Баерн Минхен и покрај тоа што испадна од Вилјареал во четвртфиналето.
Реал Мадрид и Барселона се на петтото и шестото место, ПСЖ е седми, а третиот шпански претставник во топ 10 е минатогодишниот шампион, Атлетико Мадрид.
Поредокот на УЕФА се темели на остварениот коефициент и резултати во изминатите пет години во натпреварувања како Лига на шампионите, Лига на Европа и најновата Конференциска лига.
-
Светпред 24 часа
Инсиње откако стана најплатен играч во историјата на МЛС: Не дојдов поради парите
-
Англијапред 13 часа
Пресврт во најава: Манчестер Јунајтед договорил трансфер на холандски репрезентативец
-
АТПпред 23 часа
Мари го изненади противникот со својот потег: Овој удар е дозволен во тенисот (Видео)
-
Англијапред 19 часа
Не е само Стерлинг: Тухел сака да купи уште една стандардна резерва на Гвардиола
-
Англијапред 20 часа
Тен Хаг уште на првиот тренинг ги потсетил играчите на едно правило од времето на Фергусон
-
Светпред 20 часа
Тите: Оној тренер кој го игра Нејмар на крило е магаре!
-
Шпанијапред 22 часа
Клајверт: Лапорта дојде и си стави свој познаник на мое место
-
АТПпред 21 час
Фаворитот од втор ред за триумф на Вимблдон се повлече пред да излезе на терен: Многу сум разочаран