Англија
Салиба: Тој е меѓу тројцата најдобри играчи на светот

Арсенал полека излегува од кризата или поточно од периодот кога резултатите и настапите не беа на посакувано ниво, па се губеа бодови во Премиер лигата и сега Ливерпул има сериозна предност во оваа фаза од сезоната.
„Топчиите“ во претходниве денови прво рутински се справија со Нотингем Форест, а потоа и го уништија Спортинг на негов терен во Лисабон, истиот терен каде Манчестер Сити доживеа убедлив пораз во елитното натпреварување.
Овие партиии по репрезентативната пауза носат нова енергија, задоволство кај Арсенал кој сега максимално може да смета на капитенот Мартин Одегард, ас од искучителна важност, играч кој е максимално поочитуван од колегите.
-Мислам дека тој е еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот и многу сме среќни што се врати. Ние сме подобри со него, па се надевам дека нема повторно да се повреди. Секако, мораме да уживаме играјќи со него. Можеме да видиме откако тој се врати дека сме подобри.
-Тој е топ три [во светот]. Не сакам да ставам премногу притисок врз него, но мислам дека се првите тројца. Го сакам овој човек. Работеше напорно на теренот, па не сум изненаден што се врати вака, но се разбира, не е лесно кога не си играл четири недели да се вратиш на ова ниво. Не сум во шок, тој е врвен професионалец, -порача Вилијам Салиба.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…