Англија
Салиба посочи што му фали за да биде најдобар дефанзивец на светот: За да кажам…

Вилијам Салиба од 2019 официјално е играч на Арсенал, но мораше да мине низ еден процес за да добие вистинска шанса во редовите на премиерлигашот.
Неколку сезони беше позајмуван на клубови во Франција, прво во Сент Етјен, потоа Ница и Олимпик Марсеј за да конечно добие можност во Арсенал, можност која ја искористи и сега е незаменлив во дефанзивата на „топчиите“.
Има доста комплименти за неговата игра, напредокот, па за добар дел од јавноста тој е веќе меѓу најдобрите дефанзивци во ПЛ, Европа и светот. Самиот Салиба е свесен за тоа, но во исто време смета дека за да се смета за број еден мора да освои титули.
-Изминативе две сезони бев на вистинскиот пат, особено минатата сезона. Можеби сум на пат да станам најдобриот дефанзивец во светот. Мислам дека сум еден од најдобрите во моментов, но за тоа да го кажам морам да освојам некои титули.
-Мислам дека тоа е она што ми недостасува во моментов. Ако освојуваш титули, ти си добар, а ако не, не можеш да кажеш дека си најдобар. Во тоа верувам. Јас сум еден од најдобрите во светот, -порача Французинот за „Фокс Спорт“.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Свет18 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…