Поврзете се со нас

Шпанија

Салгадо очекува нова улога за Белингам: Ќе ја видиме најдобрата верзија од него

Објавено

на

Фото: https://x.com/realmadrid

Џуд Белингам ја комплетираше втората сезона во дресот на Реал Мадрид, година која беше далеку понеуспешна на индивидуален и клупски план со оглед на тоа што „кралевите“ останаа со празни раце во сите натпреварувања.

Реал сега има нов тренер во името на Чаби Алонсо кој ќе донесе свои идеи, енергија, тактика и според легендата на Реал, Мичел Салгадо голема корист од тоа ќе има англискиот репрезентативец.

Салгадо очекува од Џуд да експлодира и да ја видиме најдобрата верзија од него.

-Ми треба Белингам блиску до шеснаесетникот. Не ми треба Белингам да се врати за да ја прими топката и да биде премногу во изградбата на акцијата. Тој покажа во првата година дека е играч со посебен мирис за да влезе во шеснаесетникот.

-Со Чаби Алонсо, мислам дека тој ќе ја игра таа улога. Мислам дека тој ќе биде клучниот играч зад Винисиус Жуниор и Килијан Мбапе. Ќе видиме поинаков Белингам оваа година во споредба со минатата сезона. Ќе ја видиме најдобрата верзија на Белингам оваа година, сигурно, -порачал Салгадо.

Останува да се види кога Џуд ќе биде подготен затоа што е најавена операција на рамото кое го мачи некое време.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни