Поврзете се со нас

Англија

Рутер со дриблинг бравура го „излуде“ дефанзивецот на Тотенхем, Велбек погоди за голем пресврт (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/OfficialBHAFC

Брајтон успеа да направи голем пресврт против Тотенхем и да стигне до три големи бода на „Амекс стадионот“, откако денеска успеа да се врати од два гола негатива во првото полувреме.

„Петлите“ почнаа како пред една недела против Манчестер Јунајтед и во првите 45 минути издоминираа со головите на Џонсон и Мадисон, но домаќините не планираа да се откажат и режираа фантастичен пресврт.

Минтех и Рутер брзо го вратија Брајтон во игра со два гола за 2:2, а овој вториот режираше и магија за целосен пресврт на натпреварот.

Жеоржинио Рутер пристигна во Брајтон од Лидс за 40 милиони фунти ова лето, а офанзивниот фудбалер брзо почна да покажува дека се работи за голем фудбалски мајстор.

Рутер му продаде дриблинг бравура на Удоги во 66-та минута, а потоа беше пожртвуван и на импресивен начин го проигра Велбек кој погоди за 3:2 и голема радост на трибините.

Брајтон до крајот го одбрани водството, па така успеа да се искачи дури до шестото место на табелата во Премиер лигата.

Голот за 3:2 погледнете го ТУКА 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни