Поврзете се со нас

АТП

Рубљов режираше откачена прослава по победата во пет сета: Подобро да не сте во мојата глава, тоа е како страшен филм (Видео)

Објавено

на

Сосема очекувано, Андреј Рубљов и Алекс Де Минор одиграа возбудлив и израмнет дуел на „Род Лејвер арена“, по кој последен се смееше рускиот тенисер кој успеа да преживее вистинска голгота на оваа пресметка.

Де Минор ја потврди извонредната форма и домашниот миленик беше носен од австралиските фанови на трибините, но дури и така не можеше да го скрши упорниот Рубљов.

Андреј мина низ многу различни емоции во текот на мечот и не ги криеше своите експресии во одлучувачкиот петти сет, па откако направи двоен брејк, режираше откачена прослава со својот јазик.

Истата стана вирална откако победи со 6:4, 6:7, 6:7, 6:3 и 6:0, па после четири часа и 15 минути игра доби прашање од Џим Куриер како е да се биде во неговата глава за време на неизвесен и тензичен меч.

– Подобро да не сте во мојата глава, тоа е како страшен филм, – изјави Рубљов и ја насмеа публиката на трибините.

Следен ривал на Русинот на Аустралијан Опен ќе биде Јаник Синер, младиот Италијанец кој лесно во три сета го совлада Хачанов.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни