Шпанија
Рубиалес мина без затвор и доби парична казна за скандалот кој ја стресе Шпанија
Луис Рубиалес го загуби своето место како претседател на шпанската фудбалска Федерација по мундијалот во женска конкуренција, бидејќи тогашниот прв човек на „фуријата“ режираше скандал за време на освоената светска титула.
Шпанките беа најдобри и сосема заслужено го подигнаа трофејот, но за време на прославата, Рубиалес малку се опушти и реши да ја бакне Јени Ермосо.
Шпанската репрезентативка по дадената ситуација реши да го тужи претседателот и целиот случај заврши на суд, па така во изминатите неколку дена се слушаа сите изјави на инволвираните, но и на сведоците на настанот.
Рубиалес веќе извесно време е без работа во Федерацијата, но откако докажа дека немал никаква лоша намера при контактот со својата фудбалерка, судијата процени дека треба да мине само со парична казна.
Фудбалскиот работник мина без затворска казна и ќе плаќа парична казна во наредните 18 месеци, а истата изнесува вкупно 10.800 евра.
Во пресудата исто така се вели дека Рубиалес не смее да и се добложи на Ермосо во радиус од 200 метри, но и дека не смее да има никаква комуникација со репрезентативката во период од една година.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план