Поврзете се со нас

Мото ГП

Роси за тешката повреда на Маркез и непријатната историја: Никогаш нема да му простам, тој не е мој најголем ривал!

Објавено

на

Валентино Роси ќе ја започне новата сезона како член на тимот Петронас Јамаха и ќе биде навистина интересно да се гледа во такво светло по разделбата со фабричкиот тим на Јамаха, а истата ќе ја стартува како 42-годишник бидејќи за неколку дена го слави својот роденден (16-ти февруари).

Легендарниот италијански мотоциклист вели дека влегува со иста страст и желба како и секогаш, но сепак, голем дел од интервјуто за „Кориере дела Сера“ посвети на еден од неговите лути ривали, или поточно најомразениот ривал во неговата кариера.

Марк Маркез ја пропушти цела претходна сезона и неизвесен е за стартот на претстојната поради третата операција која ја направи на раката, повреда која ја заработи лани на првата трка во Херез, а потоа ја обнови истата откако прерано доби дозвола за враќање на патеката.

– Беше направена голема грешка што се врати премногу рано, самошто излезе од операција. Не сфаќам како му дозволија да го направи тоа. Докторот Коста беше пионер во револуционерните терапии, но после враќањето на Лоренцо во Асен во 2013-та година и обновувањето на повредата, Дорна ги заостри правилата за враќање на патеката. Со враќањето на Маркез, беа пресконати сите тие норми и затоа дојде до таков епилог, – вели Валентино кој признава дека сака да го гледа Шпанецот на трките.

– Ќе дадам дипломатски одговор: Жалам што не може да се трка. Ќе видиме дали ќе се опорави, во овој момент никој не го знае тоа, само тој. Ако се врати, ќе се врати силен како порано. Кажувајќи го ова, ќе напоменам дека Маркез не беше мојот најголем и најсилен ривал во кариерата, – додава Роси кој за крај вели дека никогаш нема да му прости на Марк за инцидентот по кој ја загуби шампионската титула во 2015-та година.

– Невозможно е да го заборавам тоа што го направи. Никогаш нема да му го простам тоа што го направи. Кога мислам на тие денови, го имам истото чувство и сега како и тогаш. Поминаа шест години, а чувството е исто, тешко дека некогаш тоа ќе се промени, – заврши „Докторот“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни