Мото ГП
Роси им ја соопшти својата првична одлука на големите Мото ГП фанови
Валентио Роси се наоѓа во навистина специфична ситуација поради коронавирусот, бидејќи во овие изминати месеци во кои на програмата беа неколку трки, требаше да ја дознаеме и неговата конечна одлука за тоа дали ќе замине во пензија, или не.
Долгата пауза и фактот што никој не знае што следи ја прави состојбата далеку посложена за легендарниот италијански шампион, но сега тој на својот партнер Маверик Вињалес му откри дека најверојатно ќе биде приморан да вози и во 2021-ва година, што дефинитивно е добра вест за големите фанови на мотоциклизмот.
Роси има договор со Јамаха до крајот на оваа сезона, па според правилата, тој ќе мора да вози за сателитскиот тим во 2021-ва година, што значи дека ќе го гледаме на патеките и на 42-годишна возраст.
– Се наоѓам во многу тешка ситуација, моја прва опција е да продолжам. Имам голема мотивација и сакам да продолжам. Но, исто така за мене многу е важно нивото на компетитивност кое ќе го прикажам, особено ако се знае дека на крајот на минатата година патев многу, бев надвор од топ 5. Имам договор со фабричкиот тим до крајот на годината, а сметав дека ќе ми бидат потребни 5 или 6 трки за да донесам конечна одлука. Сега во оваа ситуација не го можам тоа. Не знам кога ќе можеме да се тркаме, во најоптимистичка ситуација, ќе може да се тркаме во вториот дел од годината, август или септември. Тоа значи дека ќе мора да донесам одлука порано, а јас сакам да продолжам. Не сакам да завршам на овој начин, можно е и да не се вози во 2020-та година. Затоа сметам дека треба да извозам уште еден шампионат и наредната година, па затоа очекувам да ме гледате и во 2021-ва година, – порача Роси.
-
Италија4 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Шпанија5 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
АТП24 часа
Фриц понуди одличен тенис, но не можеше да спречи трето финале за Алкарас на Вимблдон
-
Шпанија7 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Италија4 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија23 часа
Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)
-
Балкан3 часа
Велкоски му посака добредојде на Ристовски во Сараево (ФОТО)
-
Англија22 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)