Поврзете се со нас

Свет

Роналдо за големиот ривал на Јунајтед: Уживам да ги гледам како играат, успеав да победам „животно“ во 2023. година!

Објавено

на

Кристијано Роналдо пред една година се пресели во Саудиска Арабија и започна тренд кој почнаа да го следат многу европски фудбалери,  но за разлика од некои колеги кои не успеаја да се адаптираат во оваа земја, Португалецот вели дека навистина добро се чувствува и кога игра далеку од стариот континент.

Тоа го потврдуваат и бројките кои велат дека Роналдо беше најдобар светски голгетер во 2023-та година, оставајќи зад себе играчи како Кејн, Халанд и Мбапе.

При доделувањето на „Глоуб Сокер наградите“, капитенот на Ал Наср говореше за своето ново искуство во годината која измина, пришто не заборави да потенцира дека е горд што победил „животно“ како Ерлинг Халанд. За време на обраќањето, Роналдо не пропуштил да нагласи и дека ужива да го гледа големиот ривал на Манчестер Јунајтед, односно актуелниот европски и светски шампион Манчестер Сити.

–  Манчестер Сити имаше неверојатна година, им честитам за сезоната која ја имаа. Сите беа импресивни, и играчите и тренерот. Конечно ја освоија Лигата на шампионите, натпреварување кое го заслужија уште пред две години. Навистина уживам да ги гледам како играат, – порачува Роналдо и додава.

– Што се однесува до мене, јас бев најдобар голгетер во светот изминатата година. Замислете како е да победите животно како Халанд, горд сум на тоа, особено бидејќи набрзо ќе наполнам 39 години. Навистина сакам кога луѓето се сомневаат во мене и кога повторно докажувам дека не се во право, – додава Кристијано.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни