Поврзете се со нас

Свет

Роналдо постигна гол за победа, судиите му го поништија три минути подоцна (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/AlNassrFC_EN

Ал Наср доби фудбалска лекција од Ал Хилал во финалето на Суперкупот, а очигледно тоа влијаеше врз менталниот склоп на фудбалерите на отворањето на новата сезона во Саудиска Арабија.

Првото коло во домашното првенство не мина баш најдобро за Кристијано Роналдо и компанија, бидејќи Ал Наср на домашен терен ги испушти првите два бода и ремизираше против Ал Раед.

Додека цела европска јавност пишува за рекордите кои ги руши Роналдо на „Јутјуб“, Португалецот вечерва имаше работа на теренот, па иако тој ја заврши својата задача, неговите соиграчи повторно потфрлија.

Роналдо постигна два гола и се чинеше дека оној вториот е вреден за победа, но после долга проверка и сомнителна ВАР снимка, судиите решија да му го поништат.

Три минути по постигнатиот гол и прославата, Роналдо дозна дека погодокот за 2:1 не е валиден, па така натпреварот заврши 1:1 и Ал Наср го забележа првиот кикс во новата сезона.

Претходно, искусниот Роналдо го отвори резултатот со гол во 34-та минута, но Фузаир израмни од пенал на стартот на вториот дел.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни