Македонија
„Романтичарите“ незадоволни од судењето во Струмица: Ѓорѓиевски драстично не оштети, не сакаме да бидеме нечиј експеримент

Тимот на Работнички не успеа да дојде до позитивен резултат на вчерашната средба против Академија Пандев во Струмица, средба која домаќините ја добија со 2-0 со головите од пенал на Мартин Мирчевски во второто полувреме.
„Романтичарите“ не сакаат да бараат алиби за поразот, но сметаат дека драстично биле оштетени од страна на главниот судија Владимир Ѓорѓиевски.
Реакција на клубот од Дебар Маало ви ја пренесуваме во целост.
Фудбалскиот клуб Работнички реагира на катастрофалното судење на Владимир Ѓорѓиевски, главниот судија на натпреварот против Академија Пандев во Струмица. Поради неговата очајна арбитража и досудени два крајно сомнителни пенали, ФК Работнички е драстично оштетен на вчерашниот натпревар од Првата фудбалска лига.
Не барајќи алиби за вчерашниот пораз, сакаме да укажеме дека Владимир Ѓорѓиевски драстично го оштети ФК Работнички и дрско го одреди текот на натпреварот во Струмица. Уште пострашно е што овој анонимен судија за првпат се појавува на прволигашка сцена. Покрај пеналите кои директно влијае на резултатот, имаше низа на судиски одлуки кои влијаеа на текот на натпреварот, особено во критериумите за доделување на жолтите картони, посебно несанкционирањето на ударот од противнички играч без топка врз наш фудбалер.
Особено револтира односот на главниот судија по завршувањето на натпреварот, со потсмев и цинизам кон нашиот официјален претставник и управата на клубот.
Ние како клуб, со нашето реноме и со континуираното инвестирање во макфудбалот нема да дозволиме ниту еден (неквалификуван) судија да решава за нашите судбини.
Работнички не сака да служи за експеримент, напротив, како клуб со огромно реноме во Првата лига, инсистира во иднина да биде заштитен од делегирање на недостојни (неспособни) судии за квалитетот на клубовите од Прва МФЛ.
-
Италија23 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија18 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија17 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет22 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија15 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет20 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
АТП16 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
ВТА19 часа
Историска победа: Швјонтек ја остави Анисимова на „нула“ и ја освои првата титула на Вимблдон