Италија
Рома ја изигра Барселона, каталонскиот гигант се налути и размислува за тужба (Фото)
Пред неколку дена беше објавен распоредот на натпреварит за италијанската Серија А која стартува викендот на 13-ти и 14-ти август, а пред да дојде до старт на подготовките, Жозе Мурињо се одлучи за една непопуларна одлука.
Португалскиот стручњак решил да го промени распоредот на пријателски натпревари и ја изиграл Барселона, која сега ќе мора да бара нов тим за својот традиционален куп на домашен терен.
Рома сама се избриша од Гампер Купот и се повлече од натпреварување на овој мини турнир, а шпанските медиуми откриваат дека водечките луѓе на Барсе се лути на ваквиот потег и планираат да презема и правни дејства против „волчицата“, чие објаснување не е доволно добро.
– Рома соопштува дека се повлекува од натпреварување на турнирот Гампер, на кој беше предвидено да настапиме во Барселона на 6-ти август ова лето.
– Одлуката е донесена поради обврската да го промениме планот за одигрувањето пријателски во текот на летото, со единствена цел да бидеме што поподготвени за стартот на новата сезона, – гласи објавата на Рома.
Во соопштението како одговор, Барселона известува дека Рома одлучила еднострано и без причина да го раскине договорот потпишан од двете страни, а медиумите додаваат дека Лапорта размислува и за тужба.
Il comunicato del Club sul Trofeo Gamper https://t.co/CeFEe7DwNV#ASRoma pic.twitter.com/XRUJ5XhvMT
— AS Roma (@OfficialASRoma) June 27, 2022
La AS Roma rescinde unilateralmente el contrato para jugar el Gamper
🔗 https://t.co/zASeSsQDvL pic.twitter.com/AIAPCRUriS
— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) June 27, 2022
-
Италија12 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија13 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија14 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Италија7 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
АТП5 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Англија6 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет11 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија14 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч