Италија
Рома го „врза“ клучниот играч во преродбата на Раниери (Фото)

Клаудио Раниери направи вистинско фудбалско чудо како предводник на Рома и го одведе тимот во Лига Европа, но по крајот на сезоната, реши да се повлече и да има улога на специјален советник на „волчицата“.
Искусниот стручњак ќе дава свое мислење за секоја важна операција која ќе ја повлече Рома, а повеќе од јасно е дека одиграл круцијална улога и во потпишување на играчот кој беше еден од најдобрите под негово водство.
Голманот Миле Свилар дури 11 пати ја сочува својата мрежа недопрена изминатава сезона, па на клубот една од клучните цели на стартот на летото беше токму заверката на младиот голман.
Рома денеска соопшти дека Свилар е „врзан“ со долг договор до 2030-та година, што значи дека ќе има прв голман на долг рок.
Тренер на Рома во новата сезона ќе биде Џан Пјеро Гасперини, а клубот допрва треба да му донесе неколку нови фудбалери по негови барања.
✍ SVILAR 2️⃣0️⃣3️⃣0️⃣ 🧤
Our 𝒔𝒖𝒑𝒆𝒓𝒉𝒆𝒓𝒐 will keep flying through the city 🦸♂️#ASRoma pic.twitter.com/QlA33RMRb1
— AS Roma English (@ASRomaEN) July 11, 2025
-
АТП22 часа
Федерер долго размислуваше и прогнозираше кој ќе ја добие битката меѓу Ѓоковиќ и Синер (ВИДЕО)
-
Шпанија21 час
Модриќ го издвои омилениот момент од приказната со Реал: За мене тоа е посебен број…
-
АТП19 часа
Фриц понуди одличен тенис, но не можеше да спречи трето финале за Алкарас на Вимблдон
-
Европски првенства23 часа
Младинците се „исклучија“ во последниот период и претрпеа тежок пораз од Холандија
-
Шпанија18 часа
Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)
-
Англија17 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)
-
Шпанија2 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
АТП14 часа
Ѓоковиќ: Реалноста ме погоди во глава и тешко ми е да го прифатам тоа!