Поврзете се со нас

Шпанија

Роденденски предизвик: Јамал го избра најдобриот тим на Барселона на сите времиња (Фото)

Објавено

на

foto:x.com/FCBarcelona_cat

Ламин Јамал се подготвува за прославување на полнолетството во друштво на своето најблиско семејство, а од фотографиите кои ги објавува на социјалните мрежи, слободно може да се заклучи дека се е подготвено за неговиот 18-ти роденден.

Неверојатниот тинејџер на Барселона утре ќе наполни 18 години, но во пресрет на специјалниот ден, клубот му направи интервју и му даде интересен предизвик.

Ламин доби за задача да го избере најдобриот тим на Барселона на сите времиња, а сосема очекувано, најголем дел од фудбалерите се ѕвезди кои тој можеше да ги гледа преку малите екрани, но и на трибините на „Камп Ноу“.

Јамал се одлучи за формација 3-4-3, со тоа што на голманското место без многу размислување го стави Виктор Валдес.

Во одбраната со тројца дефанзивци најде место за Пујол, Пике и Маскерано, додека средниот ред е засилен со четворица фудбалери. Покрај стандардните Чави, Иниеста и Бускетс, Ламин го вметна и „магионичарот“ Роналдињо, додека во нападот ги смести Меси, Нејмар и Суарез.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни