Балкан
Рино-шоу во Хрватска: Шутираше топки кон „Торцида“ и режираше незаборавни сцени на „Пољуд“

Џенаро Гатузо очигледно го пронајде рецептот за Динамо, бидејќи по остварената победа на „Максимир“ со резултат 1:0, три месеци подоцна славеше со истиот резултат и на дербито кое се одигра денеска.
Хајдук го искористи подобриот влез во второто полувреме и стигна до драгоцени три бода со голот на Сигур, победа која очекувано предизвика ерупција од радост во Сплит.
Навивачите на сплитската гордост знаеја како да се израдуваат на големата победа над лутиот ривал, но огромна помош во славеничкото сценарио добија и од Гатузо.
Рино имаше свое шоу по последниот судиски свиреж и режираше незаборавни сцени на „Пољуд“, бидејќи покрај страста и емоциите кои ги покажа, реши да подари и неколку топки на најверните навивачи.
Гатузо рогна три топки кон „Торцида“ и го разубаве победничкото расположение во Сплит, епилог по кој Хајдук има седум бода предност во однос на Динамо во битката за титулата, во која активна е и Ријека која е на минус три од актуелниот лидер.
-
Италија20 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија21 час
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија15 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија21 час
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет18 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија22 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија14 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
АТП13 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)