Свет
Рицоли го потврди новото правило кое се разгледувало во ФИФА: Од ФИФА ќе го дозволат тоа кога ќе продолжи сезоната
Еден од најдобрите поранешни фудбалски судии во Италија, Никола Рицоли потврди дека ФИФА планира да го дозволи правилото кое во последните неколку дена стана топ тема во фудбалската јавност.
Имено, Рицоли изјави дека се размислува да се овозможат пет замени за време на еден натпревар, наместо досегашнтие три.
Клубовите во краток период ќе мора да одиграат голем број на натпревари, па токму затоа од ФИФА ќе донесат одлука тренерите да имаат поголема можност да ротираат за време на натпреварите.
– Верувам дека ФИФА тежнее кон тоа да дозволи пет замени. Во фаза кога сезоната е со многу натпревари еден по друг, мора да преземеме заеднички мерки за да си помогнеме меѓусебно, -изјави Рицоли за „Скај Спортс Италија“.
Кога фудбалот ќе се врати ќе се следат строги медицински и хигиенски процедури, натпреварите ќе бидат играни зад затворени врати, а луѓето задолжени за натпреварот со сигурност ќе одржуваат социјална дистанца.
Се појавија информации дека се размислува и за кратење на полувремињата кои сега траат по 45 минути, но тоа веројатно нема да се случи, па натпреварите доколку продолжат ќе се играат во стандардните 90 минути.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија14 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план