Шпанија
Реал соопшти најлоши можни вести еден час по победата над Осасуна (Фото)

Тоа што можеше да се намириса по вознемирувачките крици кои одекнаа на „Сантијаго Бернабеу“, за жал доби официјална потврда еден час по натпреварот во Мадрид, каде стоперот Едер Милтао си нанесе огромна штета по едно неправилно движење.
Неприродната положба на коленото веднаш го вклучи алармот и стана јасно дека се работи за сериозна повреда, но 60 минути по победата над Осасуна остварена со резултат 4:0, Реал Мадрид како клуб потврди дека станува збор за најлошото.
Милитао пропушти најголем дел од минатата сезона поради кинење на предниот вкрстен лигамент на левото колено, а сега се поизгледно е дека нема да го гледаме до крајот на оваа по резултатите од лекарските прегледи.
Реал Мадрид информираше дека Милитао сега го скинал предниот вкрстен лигамент на десното колено, со тоа што нанел штета и на двата менискуси.
Во вакви ситуации, операцијата која ќе му биде направена ќе биде уште посложена, па Бразилецот најверојатно ќе паузира измеѓу осум и девет месеци.
Повреди на натпреварот против Осасуна заработија и Родриго и Васкез, па Реал како клуб дополнително ќе објави соопштение за нив во текот на вечерта, или најдоцна утре.
Parte médico de Militão. #RealMadrid
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) November 9, 2024
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план