Италија
Реал Мадрид ги прифатил условите, Наполи пред потпишување на првото засилување во ерата на Конте

Наполи остави зад себе разочарувачка сезона неполна година по историскиот успех во Серија А, па тоа беше знак дека мора да се направат низа важни корекции во стручниот штаб, но и во тимот.
Аурелио Де Лаурентис луташе во обидот да пронајде наследник на Лучано Спалети и изминативе 10 месеци промени тројца тренери, за сега да го ангажира Антонио Конте како човек кој е подготвен за голем предизвик.
Поранешниот тренер на Јувентус, Челси и Тотенхем ја прифати понудата и се обврза да биде лидер на проектот на Наполи, во кој уште на почетокот се соочува со доста важни теми.
Клубот најави дека ќе го продаде Виктор Осимен, трансфер сака да направи и Квича Кварацхелија, а пред трансфер во Јувентус е и досегашниот капитен, Џовани Ди Лоренцо.
Ова значи дека ќе видиме големи промени во стартниот тим на Наполи под водство на Конте, а како што јавуваат угледните италијански и шпански медиуми, клубот е пред договорање на првото летно засилување.
Станува збор за играч кој е под договор со Реал Мадрид, младиот стопер Рафа Марин кој изминатава сезона имаше блескави настапи во дресот на Алавес како позајмен фудбалер. Дефанзивецот нема место во актуелниот тим на Карло Анчелоти и смета дека е подготвен за поголем предизвик од оној во Алавес, а угледниот „АС“ информира дека двата клуба се многу блиску до договор.
Реал ги прифатил условите на Наполи и се согласил да го продаде Марин за сума од 10 милиони евра, но од друга страна, италијанскиот клуб се согласил да има откупна клаузула според која „кралевите“ би го вратиле за две или три години.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
АТП14 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)