Италија
Раниери со уникатна изјава го опиша величественото издание на Дибала

Пауло Дибала без конкуренција е најдобар и најквалитетен играч на Рома, а тоа го покажува на натпревари како оној вчера против Порто во Лигата на Европа.
Во моментите кога Рома прва прими гол и се чинеше дека има планина за искачување пред себе, аргентинскиот фудбалски мајстор ги презема работите под своја контрола и со два погодоци го однесе мечот во посакувам правец за домаќините, а неговото блескаво издание беше зачинето со уште неколку генијални додавања, како и извонредни технички потези.
Кога е здрав и фит, Дибала без никаков сомнеж е еден од најдобрите играчи во италијанскиот фудбал, а искусниот Клаудио Раниери со уникатна изјава се обиде да опише каков значење има „Ла Јоја“ за неговиот тим.
– Да имате големи играчи во тимот секогаш помага во комплицирани ситуации. Тоа што го имаме Дибала во нашиот арсенал на оружја значи многу. Не само што е добар играч, тој е извонреден лидер. Не зборува премногу, но кога го прави тоа, ги кажува правилните зборови.
– Благодарение на него се вративме во мечот, соиграчите дадоа се за него, но Дибала е светлината, Дибала е искрата, тој е бомбата на Рома. Тој е се што поседува оваа Рома. Во моментов е во одлична физичка кондиција, ужива во фудбалот и сака да биде само на теренот. Среќен сум што го имам крај себе, – изјави Раниери.
-
Италија20 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија15 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Италија21 час
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија21 час
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет18 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија21 час
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија13 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија12 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)