Поврзете се со нас

Франција

Рамос направи нов чекор назад, Покетино призна: Серхио страда и ситуацијата не е пријатна

Објавено

на

ИАко беше најавено дека крајот на репрезентативната пауза ќе значи и крај на агонијата за Серхио Рамос, сепак искусниот стопер не ги мина последните тестови за враќање на тренинзите, па така вечерва нема да биде во комбинација за настап против Анже.

Тренерот Маурисио Покетино нема да може да смета на огромен број фудбалери од Јужна Америка кои доцнат со пристигнувањето поради обврските кон селекциите, но најважна вест за француските медиуми сепак е тоа што одново нема да може да смета на поранешниот капитен на Реал Мадрид.

Серхио Рамос нема да дебитира за првиот тим на ПСЖ и по минати три месеци во градот на светлината, откако клубот излезе со ново соопштение со кое откри дека стоперот ќе мора да мине уште најмалку 10 дена во индивидуална подготовка.

Според натписите на француските медиуми, лекарите на ПСЖ стравуваат од обновување на незгодната повреда на листот која го мачи со месеци, па поради тоа се постапува максимално претпазливо и направен е нов чекор назад кога сите мислеа дека Рамос конечно ќе дебитира за „светците“.

– Не се сомневам дека Рамос одново ќе го пронајде своето најдобро ниво кога комплетно ќе се рехабилитира. Секој спортист, секој играч е во тешки искушенија. Ситуацијата на Серхио воопшто не е пријатна, бидејќи тој сака да тренира со соиграчите и да им помогне на теренот. Тој пати и страда во моментов, но ментално е многу силен и тоа е добро. Цел лекарски тим му помага да ја надмине повредата и се надеваме на најдоброто, – изјави Покетино.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни