Свет
Рамос ги издвои двајцата свои најголеми идоли и ја изненади јавноста
Серхио Рамос се врати на фудбалските терени после долгата пауза, но по мечот со Сент Етјен, сега е приморан одново да мирува како последица на прекумерен замор на мускулот кој му правеше проблеми.
ПСЖ информира дека не станува збор за обнова на повредата и дека Шпанецот брзо ќе се врати во стројот, но пред да се случи тоа, искусниот стопер стана популарен со својата последна изјава која ја даде за „Амазон Прајм“.
Благодарение на своите технички квалитети, Рамос со години наназад важеше за еден од најдобрите дефанзивци во Европа, но верувале или не, кога станува збор за неговите идоли, не се работи за дефанзивци.
Серхио направи еден интересен избор и ја изненади јавноста, бидејќи за свои примери и идоли ги нагласи Клаудио Каниџа и Фернандо Редондо.
Првиот беше познат по својот тандем со Диего Армандо Марадона на почетокот на 90-те години на минатиот век, додека Редондо беше голема ѕвезда на Реал пред Серхио воопшто да заигра за „кралскиот клуб“.
– Имав двајца или тројца идоли, но двајца најголеми ми беа Клаудио Каниџа и Фернандо Редондо од Аргентина, – открива Рамос кој низ смеа додава дека единствена сличност со споменатите двајца му е тоа што носи долга коса како нив.
-
Италија8 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија9 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија10 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Италија7 часа
Фурлани: Милан ќе освојува титули со Алегри и Таре
-
Англија10 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет7 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Италија3 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Шпанија12 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив