Македонија
Ракометна „бомба“ од Босна: Вујовиќ се враќа во Скопје по крајот на сезоната!
Веселин Вујовиќ уште минатата година се поврзуваше со враќање во македонската престолнина и преземање на Вардар, но тогаш новата управа на македонскиот првак одлучи да му даде шанса на Стевче Алушовски, кој пак по се изгледа ги брои своите последните денови како тренер на најтрофејниот македонски колектив.
Легенарниот Вујо во ниту еден момент не ја отрфли можност за трето враќање во својот сакан Вардар, а угледниот босански портал „Мундо“ сега се повика на потврдени информации и пренесе дека Вујо си заминува од Борац Бања Лука и го презема скопскиот великан по крајот на сезоната.
Босанскиот портал тврди дека Вујовиќ нема да остане во Бања Лука дури и во ситуација да ја освои титулата со Борац, откако постигнал договор со првиот човек на Вардар, Михајло Михајловски. Како што пренесува истиот извор, првичната цел на Вујо била со себе да го понесе и играчот на Извиѓач, Милан Кос, а токму членот на надзорниот одбор на овој клуб со својата изјава потврди дека Веселин ќе има своја трета авантура во Вардар.
– Можам да кажам дека Кос не оди во Вардар, со него го продолживме договорот пред шест месеци и истиот е во важност од три плус една година. Прерано е да се зборува за негово заминување од тимот.
– Вистина е дека Вујовиќ му се јави, контактираше со него, а добив и информација дека тој и дефинитивно го презема Вардар по крајот на сезоната. Работата е 99 проценти договорена, – изјави Нешо Зовак, директорот на Извиѓач.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план