Поврзете се со нас

Европски првенства

Ракометарките загубија од Полска на ЕП во Црна Гора

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rfmofficial

Македонската женска ракометна репрезентација до 19 години го претрпе вториот пораз на Европско првенство што се одржува во Црна Гора.

Нашите млади девојки вчера беа надиграни од Унгарија со 38:21, додека денеска од селекцијата на Полска со резултат 28:18. Направивме премногу технички грешки на ова соочување, противникот уште од самиот старт наметна свое темпо, ние постојано бевме во негатива и едноставно не успеавме да дојдеме до подобар резултат.

На пауза имавме минус три (11-8), меѓутоа во вториот дел паднавме и одбранбено и тоа придонесе да забележиме нов пораз со двоцифрена разлика.

Трпеска со четири погодоци беше најефикасна македонска ракометарка. Во третото коло од групната фаза играме со Чешка која во првото коло ја преслуша Полска со 30:24.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни