Лига Европа
Ракитиќ знае која е најголемата сила на Рома: Тој е специјален, уникатен во секоја смисла
Севилја ќе игра во уште едно финале во Лига Европа, меч кој за нив има огромно значање затоа што ако слават во Будимпешта тие ќе се израдуваат на трофејот, но и ќе обезбедат место во Лигата на шампионите за наредната сезона.
Меѓутоа тоа воопшто нема да биде лесно затоа што на другата страна ќе биде Рома, тим кој веќе втора година во низа игра завршни средби во европските купови. Лани славеше во Конференциската лига на УЕФА, а сега е на еден чекор од пехарот во второто по ранг европско натпреварување.
Иван Ракитиќ е свесен дека пред нив е тешка мисија особено затоа што калчолигашот на клупата го има Жозе Мурињо кој е експерт за освојување на пехари во овие купови.
-Ќе биде уште потешко. Прво затоа што Рома е предводена од еден од најдобрите тренери на светот Жозе Мурињо, тренер во топ 3, ги има освоено сите европски купови во кариерата, а не само оние… Мурињо е вистински специјален стратег, уникатен, во секоја смисла, -порача Иван за „Тутоспорт“.
Финалето е закажано за 31 мај на „Пушкаш арена“.
-
Италија9 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија10 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија11 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет7 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Италија8 часа
Фурлани: Милан ќе освојува титули со Алегри и Таре
-
Англија10 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија12 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Италија4 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина