Шпанија
Ракитиќ: Ѕвездената генерација на Барса освои само една титула во ЛШ поради заминувањето на Чави!

Барселона пред точно една деценија имаше исклучително силен и ѕвезден тим од кој дел беше и ударно трио Меси, Нејмар и Суарез, но колку и да звучи неверојатно, споменатата генерација освои само една титула во Лигата на шампионите.
Титулата под водство на Луис Енрике пристигна во последната сезона на Чави Ернандес како капитен на првиот тим на Барса, а десет години подоцна, Иван Ракитиќ вели дека токму заминувањето на капитенот било клучно за падот во формата во најелитното европско натпреварување.
Барселона имаше уште неколку обиди да стигне до врвот во Европа наредните сезони, но претрпуваше болни порази од Рома и Ливерпул, па сето тоа кулминираше со распад на една незаборавна генерација.
– Чави беше најважен играч во тимот во кој јас пристигнав. Од оваа перспектива, следните сезони испуштивме голем број титули само поради тоа што Чави си замина по освоената титула во Лигата на шампиони (2015-та година). Чави беше тој кој ги држеше конците во соблекувалната, сите учевме од него. Тој беше најдобар во средината, но не беше важен само поради тоа што го прави на теренот. Тој доминираше во соблекувалната, доминираше во соочувањето со новинарите, па дури и со маркетинг секторот на клубот. Успеваше се да исконтролира и додека одевме на долги гостувања. Тој беше многу важен за мене кога пристигнав во Барселона. Кога останавме без него, останавме без тие важни детали на клучните натпревари.
– Многу е тажно што тимот од кој беа Меси, Нејмар, Суарез, Бускетс и Иниеста освои само една титула во Лигата на шампиони. Сум го кажал ова повеќе пати, и ќе го кажам повторно. Дозволивме да останеме без три или четири титули во Лигата на шампиони. Тоа е така поради фактот што останавме без Чави, во тој момент не можевме да сфатиме, но сега гледам дека без него ни недостасуваа тие важни работи, – вели Ракитиќ во интервјуто за „Спорт“.
-
Италија10 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија11 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија12 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Италија5 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Свет9 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Италија9 часа
Фурлани: Милан ќе освојува титули со Алегри и Таре
-
Англија12 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија4 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон