Лига на шампиони
Рафиња го постигна најбизарниот гол во поновата историја на ЛШ, Барселона победи во трилер со девет голови! (Видео)

Бенфика и БАрселона го одиграа натпреварот на сезоната во Лигата на шампионите, и тоа во исклучително тешки и лоши временски услови во второто полувреме.
Лисабонскиот гигант им создаде огромни проблеми на избраниците на Ханси Флик и со хет-трикот на Павлидис имаше предност од 3:1 по првите 45 минути, но каталонскиот великан не се откажа и успеа да се врати и да режира пресврт за паметење.
Покрај трите гола на Павлидис и двете почетнички грешки на Шчесни, првото полувреме го одбележа Левандовски со гол од белата точка, а Полјакот беше прецизен реализатор и на вториот пенал кој беше досуден за гостите во второто полувреме.
Пред да дојде до тоа, Рафиња со помош на голманот Трубин го постигна најбизарниот гол во поновата историја на Лигата на шампиони, бидејќи Бразилецот постигна гол со глава без да има намера за такво нешто.
Лошото исфрлање на Трубин од главата на Рафиња заврши во мрежата на Бенфика, па Барселона дојде на само гол негатива. Тоа не траеше долго поради фактот што Араухо си постигна автогол во 68-та минута, но Барса не се откажа и во оваа ситуација и до крајот успеа да се избори за пресврт.
Левандовски со вториот пенал намали на 4:3, Ерик Гарсија беше играчот кој израмни на 4:4, додека длабоко во судиското продолжение, Рафиња со својот втор гол ги псотави конечните 4:5 во 96-та минута.
Бизарниот гол на Рафиња погледнете го ТУКА
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија14 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план