Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ оствари дерби победа и без Мбапе (Видео)

Објавено

на

ПСЖ продолжува да ги меле противниците во Лига 1 и сезонава нема вистински предизвикувач во домашното првенство, бидејќи веќе има 15 бода повеќе од второпласираната Ница.

„Светците“ денеска играа дерби со Лил и со дел од мислите беа кон она што следи, а истото важеше и за тренерот Луис Енрике кој реши да го поштеди својот најдобар фудбалер.

ПСЖ во среда ќе игра против Реал Сосиедад во осминафиналето во Лигата на шампионите, па затоа Лучо му даде целосен одмор на Килијан Мбапе кој пред неколку дена играше во Купот.

Без Килијан на теренот, посебно до израз дојде Усман Дембеле кој блескаше на „Паркот на принцовите“, па иако не постигна гол, доби најдобар оценка од експертите.

ПСЖ славеше со 3:1 во меч во кој погодија Рамос и Коло Муани, а автогол си даде Алесанчо. Инаку, првиот гол на натпреварот го постигна Лил, но погодокот на Јазиџи се покажа само како мотивација за фаворитот кој запиша нова победа.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни