Англија
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал

Виктор Ѓекереш ги договори личните услови со Арсенал и сака по секоја цена да го напушти Спортинг Лисабон, но од друга страна, португалскиот клуб не сака да навлезе во преговори со англискиот премиерлигаш и бара да биде исплатена откупната клаузула во целост.
Португалскиот шампион не попушта и бара да бидат исплатени до цент предвидените 69 милиони фунти, па доколку не се случи тоа во скоро време, Спортинг е подготвен да ја замрзне цела операција и да стави вето на трансферот.
Ѓекереш во меѓувреме бојкотира со штрајк и не се појави на предвидениот тренинг и покрај продолжениот одмор кој го доби, а откако неоправдано изостана од тимот на 12-ти јуни, Фредерико Варандас му се закани на фудбалерот, но и на Арсенал како клуб кој ги сака неговите услуги.
– Смирени сме во целата ситуација. На крајот, сето ова може да се заврши со завршен трансфер пазар, со голема казна за фудбалерот и со негово извинување до групата. Ако клубот кој преговара со него не сака да ја плати пазарната вредност која сметаме дека е фер, тогаш ќе немаме проблеми Виктор да остане со нас во наредните три години.
– Ако генијалците кои осмислуваат ваква трансфер стратегија сметаат дека со вршење притисок ќе го олесниме заминувањето, не само што грешат, туку целосно го отежнуваат процесот за заминување. Никој не е над интересите на клубот, без разлика за кого станува збор, – вели Варандас.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…