Италија
Првиот човек на Серија А најави револуција: Ќе бидеме први во Европа

Серија А доживеа подем во последните неколку години и за првпат гледавме пет италијански претставници во Лигата на шампиони, но откако дојде до промена на гарнитурата во врвот, новиот претседател на организацијата сега планира да го однесе натпреварувањето уште едно ниво погоре.
Ецио Симонели како нов претседател на Серија А има за план првенството да добие уште повеќе на маркетишки план со привремена преселба во друга земја, односно со одиграни неколку рунди на територија на САД.
Човекот кој го наследи Лоренцо Казини во месец декември има за цел да го однесе италијанскиот фудбал во Америка, па последната посета на Њујорк ја искористил за да најави еден амбициозен план и своевидна фудбалска револуција.
Националните Купови од топ пет лигите веќе се играат во арапските земји, но засега никој не се осмелува да го пресели домашното првенство надвор од своите граници поради сложеноста да се
– Бев избран за претседател пред два месеци, а не е чудо што една од првите земји кои ги посетувам е САД. Ќе имам состаноци со неколку локални претставници, Америка е пазар на кој навистина многу сметам во иднина.
– Имаме девет американски газди и еден Канаѓанец во Серија А, бев избран од тие луѓе и според мене нормално е да се фокусираме на американскиот пазар. Продуктот кој го нудиме е убав и докажан и имаме проект да се играат натпревари во Америка. За да се случи тоа, ќе треба да добиеме зелено светло од италијанската Федерација, но навистина веруваме во такво сценарио и веруваме дека можеме да бидеме први во Европа со таков потфат, – објаснува Симонели.
-
Италија11 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија12 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија13 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Италија6 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија5 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет9 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија12 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија3 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)