Шпанија
Првиот човек на Ла Лига откри колку пари ќе загубат шпанските клубови поради коронавирусот
Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас уште еднаш го посочи датумот кога посакува да се врати фудбалот во Шпанија, но и кога треба да започне следната натпреварувачка кампања 2020/2021.
-Со Божја волја ќе започнеме на 11 јуни. Да се надеваме дека Мадрид и Барселона ќе дојдат во втората фаза. Во Ла Лига работат повеќе од 130 луѓе, така што сè може да се стори, на нов начин: патување, организација, сè. Подготвени сме и најважен ќе биде денот кога ќе го завршиме натпреварувањето. Следната сезона ќе започне на 12 септември, -истакна Тебас.
Воедно тој обелодени дека шпанските клубови поради коронавирусот ќе загубат најмалку 700 милиони евра.
-Важно е катастрофата на пандемијата да не предизвика економска непогода после тоа. Ова е студија за да се види кој верува во спортската индустрија, а кој не. Ќе биде важно да се види кои се нашите сојузници.
-Враќањето не значи дека нема да изгубиме милиони. Нашите клубови ќе изгубат најмалку 700 милиони евра и тоа ќе треба да се надокнади. Во тој налет, ќе биде добро да се види кој верува во индустријата уште од самиот почеток, -порачува Тебас.
-
Шпанија24 часа
Модриќ го издвои омилениот момент од приказната со Реал: За мене тоа е посебен број…
-
АТП21 час
Фриц понуди одличен тенис, но не можеше да спречи трето финале за Алкарас на Вимблдон
-
Шпанија4 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Шпанија21 час
Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)
-
Англија19 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)
-
Англија3 часа
Првиот човек на Кристал Палас за санкцијата од УЕФА: Ова е голема неправда
-
Шпанија2 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
АТП17 часа
Ѓоковиќ: Реалноста ме погоди во глава и тешко ми е да го прифатам тоа!