Италија
Првата вест од Неапол е добра за Ангеловски: Наполи нема последици од корона кризата во Џенова (Фото)
Неколку часа по второто соопштение на Џенова за заразените членови од Ковид 19, со прва објава на оваа тема конечно излезе и Наполи, клуб кој излезе со добри вести кога се во прашање сите членови кои вчера биле тестирани.
Клубот од „Сан Паоло“ ја информираше јавноста дека сите играчи и персоналот се негативни по дуелот со Џенова, клуб кој непосредно по натперварот во Неапол, информираше дека 14 членови се позитивни на Ковид 19.
Ова секако го запали алармот во Италија и сите со нетрпение ги очекуваа резултатите од тестовите на Наполи, кои се најповолни за тренерот Џенаро Гатузо, но и за македонскиот селектор Игор Ангеловски.
Со оглед на тоа што Елиф Елмас одигра најголем дел од мечот со Џенова, тој беше во опасност да биде заразен, но ниту еден член на Наполи нема позитивен тест на Ковид 19.
Во објавата која е испратена до јавноста, Наполи информира дека играчите ќе подлегнат на нови тестови утре, чии резултати ќе бидат дополнително објавени.
Sono tutti negativi i tamponi effettuati ieri al gruppo squadra della SSCN. I prossimi tamponi saranno effettuati domani pomeriggio al Training Center #ForzaNapoliSempre
— Official SSC Napoli (@sscnapoli) September 30, 2020
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план