Поврзете се со нас

Шпанија

Претседател на клуб од Ла Лига потврди: Малку фалело Меси и Гвардиола да соработуваат во друг шпански тим

Објавено

на

Лионел Меси во таборот на Барселона го изгради своето име и ќе остане запишан во историјата како еден од најдобрите фудбалери во овој спорт.

Пеп Гвардиола пак нанижа еден куп трофеи водејќи ги „каталонците“ како тренер пред потоа да замине во Баерн Минхен, а подоцна и во Манчестер Сити.

Но, како што јавува претседателот на Хетафе, Анхел Торес, малку фалело Лионел Меси и Пеп Гвардиола да завршат во овој клуб.

Торес бил во одлични односи со тогашниот претседател на Барселона, Жоан Лапорта, па на маса биле преговорите за Меси и Гвардиола.

– Имавме договор со Барселона за доаѓањето на Лионел Меси во првата или втората негова професионална сезона. Се беше завршено, но на крајот Франк Рајкард го стопираше трансферот, -изјави Торес кој потоа откри дека во 2008 година Бегиристајн му го понудил Гвардиола како решение за тренерската позиција.

– Бев со тогашниот спортски директор на Барселона, Чики Бегиристајн во Швајцарија. Имаа идеја да го ангажираат Михале Лаудруп како тренер, а мене за замена би ми го пратиле Гвардиола. Не бев премногу заинтересиран за тоа во тој момент, па на крајот работата пропадна, -заврши Торес.

И покрај тоа што не направи трансфер во Хетафе, Меси ќе остане поврзан со овој тим и многумина ќе ги паметат и Меси и Хетафе затоа што Аргентинецот токму против овој тим го постигна еден од своите најубави голови во кариерата кој дополнително го вивна во светот на фудбалот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни