Поврзете се со нас

Свет

Пред две години беше светски шампион со Аргентина, сега тренира со шпански петтолигаш (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/CDManchegoCReal

Фудбалските патишта често знаат да бидат чудни и непредвидливи, дури и во ситуација кога станува збор за елитни фудбалери кои блеснале и на највисока сцена.

Последен доказ за такво нешто е оној со аргентинскиот фудбалер Папу Гомез, играчот кој пред две години стана светски шампион со „гаучосите“, а кој денеска го нема на фудбалската мапа во Европа.

Некогашната ѕвезда на Аталанта доживеа голем шок непосредно по мундијалот во Катар и доби двегодишна забрана за играње фудбал поради допинг, па иако тогаш многумина го отпишаа и го испратија во пензија, Папу сега се појави во Шпанија.

Гомез почнал да тренира во шпанскиот петтолигаш Манчего и истото го прави само со една цел, односно да се врати на фудбалскиот терен во 2025-та година.

– Сакам да се вратам на фудбалот. Мојата забрана истекува во 2025-та година и работам напорно секој ден за да се вратам. Би сакам да се вратам во Италија, во Серија А или Серија Б, таму го понудив најдобриот фудбал. Тренирам секој ден за да бидам во форма и се надевам дека брзо ќе се вратам на теренот, – вели Папу Гомез.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни