Поврзете се со нас

Македонија

Познато е со кого „лавовите“ ќе се соочат во Банско

Објавено

на

Македонскиот прволигаш Македонија Ѓорче Петров во изминатиов период работеше на создавање на што подобар тим за новата сезона, а како од подготовките за истата одредено време ќе мине во Банско каде ќе одиграат неколку натпревари.

Имено од 14 до 22 јули „лавовите“ ќе имаат четири контролки и тоа првата против Ингулец од Украина, ЦСКА 1948 и Беласица Петрич од Бугарија за да на крајот на силите ги одмери против Академија Пандев.

Инаку ѓорчепетровци во овој преоден рок ги засилија своите редови со Јован Попзлатанов, бу Камара, Кристијан Ивановски, Димитриј Димитриевски, Лавдрим Фазлиу, Балша Бановиќ, Филип Костовски, Кристијан Костовски и Филип Мишевски.

Соработката пак беше продолжена со Боби Божиновски, Ермедин Адем, Кристијан Филиповски, Самир Фазли и Есмин Личина, додека Андреј Стојанов и Дашмир Берзати беа прекомандувани во првиот тим.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни