Поврзете се со нас

НБА

Познат комплетниот распоред за плеј-ин турнирот и плеј-офот во НБА лигата (Фото)

Објавено

на

Со комплетирање на последното коло во регуларниот дел од сезоната, стана познат распоредот од првото до десеттот место во Источната и Западната конференција, по што сега следи плеј-ин разигрувањето во кое ќе гледаме едно големо дерби.

Како седмо и осмо пласирани тимови на Западот, Лос Анџелес Лејкерс и Голден Стејт ќе ги одмерат силите во квалификацискиот турнир кој од оваа година е новитет во НБА лигата, па така победникот од овие пресметки ќе се најде во плејофот во кој загарантирано учество имаат 16 тима, но во овој момент осигурано место имаат само 12.

Леброн Џејмс и Стеф Кари ќе се борат за едно место во НБА плејофот во директна пресметка на паркетот, а од плеј-инот на Западот, силите ќе ги одмерат и Мемфис и Сан Антонио. Победникот од овој дуел ќе оди на пресметка со поразениот од пресметката меѓу Лејкерс и Голден Стејт, по што ќе го добиеме и вториот плеј-ин учесник во НБА плејофот од Западот.

На истокот, во квалификацискиот турнир се најдоа Бостон, Вашингтон, Индијана и Шарлот, а секако важи истиот принцип за пласман во плејофот како и на Западот.

Плеј-ин:

Исток

Бостон (7) – Вашингтон (8)

Индијана (9) – Шарлот (10)

Запад

ЛА Лејкерс (7) – Голден Стејт (8)

Мемфис (8) – Сан Антонио (10)

Плеј-оф:

Филаделфија (1) – квалификант

Бруклин (2) – квалификант

Милвоки (3) – Мајами (6)

Њујорк Никс (4) – Атланта (5)

Запад

Јута (1) – квалификант

Феникс (2) – квалификант

Денвер (3) – Портланд (6)

ЛА Клиперс (4) – Далас (5)

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни