Поврзете се со нас

Европски првенства

Потег на денот: Грилиш дочека шанса во стартната постава и му одговори на Саутгејт со маестрален технички квалитет (Видео)

Објавено

на

Џек Грилиш вчера за првпат доби шанса во стартната постава на Англија и мора да се напомене дека маестрално одговори на довербата од Герет Саутгејт, кој сега ќе има тешка задача да бира и да го остави на клупата во осминафиналето на Европското првенство.

Жозе Мурињо и цела англиска јавност правеа притисок и потенцираа дека Грилиш мора да добие место во стартните 11, па фудбалерот на Астон Вила одговори на ова со асистенција за победа против Чешка, но и еден технички квалитет кој го привлече вниманието и на УЕФА.

Грилиш како фантастичен техничар има одлична контрола на топката и најдобро се чувствува со неа во своите нозе, а вчера со својот исклучително добар прием се погрижи да го видиме потегот на вечерта на Европското првенство.

Офанзивниот фудбалер одигра 67 минути против Чешка и понуди навистина доста позитивни детали на теренот, кои сега селекторот Саутгејт ќе мора да ги земе во предвид пред почетокот на нокаут фазата на континенталниот турнир.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни