Мото ГП
Последниот круг на Роси во Мото ГП не ги остави рамнодушни ниту Роналдо, Пирло, Буфон, Федерер и Надал (Видео)
Возачите на Дукати доминираа на последната трка во сезоната која се возеше во Валенсија, но по крајот на истата, сосема очекувано во прв план се најде Валентино Роси кој замина во пензија.
„Докторот“ ја извозе последната трка во својата кариера на местото кое не го памети баш по убави спомени во кариерата, но и покрај се, неговиот последен круг во Мото ГП предизвика бура од емоции на трибините, но и меѓу големите Мото ГП фанови и останатите ѕвезди од останатите сфери во спортот.
Последниот Мото ГП танц на Валентино ќе остане во сеќавање и за историја, а денешната трка ја заврши како десетопласиран и влезе во поените.
Во официјалниот телевизиски пренос, експресно се јавија многу познати ѕвезди од спортот, па меѓу првите за блеската кариера му честитаа „Феноменот“ Роналдо, Пирло и Буфон, но и Федерер и Надал како две големи тениски имиња.
Роси остави неверојатна трага во овој спорт и ќе биде идол на многу идни генерации, а кариерата ја завршува со седум титули во Мото ГП и вкупно девет во сите категории.
-
Италија7 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија8 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија9 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија8 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Италија6 часа
Фурлани: Милан ќе освојува титули со Алегри и Таре
-
Балкан6 часа
Велкоски му посака добредојде на Ристовски во Сараево (ФОТО)
-
Шпанија10 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Свет5 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!