Светски првенства
Португалија го доби пиринејското дерби и обезбеди место во четвртфиналето на СП

Селекцијата на Португалија излезе како победник од соседската битка со Шпанија на Светското првенство, победа од 35:29 со која официјално е обезбеден билет за четвртфиналето на шампионатот.
Португалците играат квалитетен турнир и тоа уште еднаш го потврдија во пиринејското дерби на кое во првиот дел губеа и со четири разлика, но на пауза заминаа со минимална негатива од 16:15. По паузата Португалија беше далеку подобра, Шпанците немаа одговор за нив во одбраната и со 20 дадени голови во тој период се изборија за огромно славје, Топ 8 на 29. ракометен мундијал.
Кошта со осум гола беше најефикасен, додека кај Шпанија Фернаднез постигна шест. Воедно на „црвената фурија“ ќе и треба вистинско чудо за да дојде до место во нокаут фазата.
Инаку дуелот Шпанија-Португалија го судија најдобрите светски судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.
Во истиот термин, ама од групата 4 се одигра пресметката меѓу Аргентина и Зеленортските острови која им припадна на „гаучосите“со 30-26.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план