НБА
Поразот во финалето не може да ги избрише фактите: Дончиќ оствари невидени бројки во НБА лигата (Фото)

Лука Дончиќ не го заврши првото НБА финале во кариерата онака какошто посакува, бидејќи неговиот Далас рано утрово загуби по четврти пат од Бостон и така остана без сонот да ја освои титулата.
Франшизата од Масачусетс испиша историја и по рекорден 18-ти пат го освои трофејот во најсилната кошаркарска лига во светот, но и покрај сите критики кои ги доби во последно време, Дончиќ го заврши овој плејоф со незапаметени бројки.
Словенечката ѕвезда беше очигледно разочарана по четвртиот пораз од Бостон кој значеше крај на финалната серија, а иако повторно ја презема вината, медиумите не пропуштија да ги истакнат неговите бројки кои се историски.
И покрај нападите за лошата игра во одбрана и постојаните протести кон судиите, мора да се нагласи дека Лука одигра плејоф за паметење, бидејќи ниту еден друг играч во историјата претходно немал бројки како неговите.
Дончиќ е првиот играч во историјата кој е најдобар во сите четири најважни статистички параметри, односно е играч со најмногу поени, најмногу скокови, најмногу асистенции и најмногу украдени топки.
На 21 одигран плејоф меч од стартот на разигрувањето, Лука има просек од 28,8 поени, 9,3 скокови, 8,2 асистенции и 4 украдени топки по натпревар, што дефинитивно се историски бројки и покрај поразот во финалето.
– Тажен сум што загубивме, тоа е тоа. Нема многу што дад се додаде, не беше важно дали играв повреден и дали воопшто бев повреден. Бев на теренот и пробав да играм на секој меч, за жал, не направив доволно добри работи за тимот, – изјави Дончиќ.
🙌🔥 Luka Doncic is the first player in NBA history to lead the playoffs in points, rebounds, assists, and steals!
OUT OF THIS WORLD 🤯 pic.twitter.com/bk52Bv2Oh3
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) June 18, 2024
-
Италија13 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија14 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија14 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Италија8 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија7 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
АТП5 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Свет11 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија14 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч