Македонија
Поранешниот голем талент на Вардар кој ја избра Албанија: Ако сега добијам повик од Македонија…….
Јасир Асани како производ на фудаблската школа на Вардар важеше за еден од најголемите таленти во нашата земја и ги мина сите младински категории во националната селекција на Македонија, но кога дојде време да бира, тој и даде предност на Албанија.
Поранешниот вардарец ја избра Албанија откако доби повик од младинската селекција од оваа земја додека се уште настапуваше во Вардар, но неколку години подоцна, подготвен е да ја промени својата одлука доколку добие повик од Македонија.
Македонската фудаблска репрезентација бележи историски напредок во секоја смисла и тоа прави националниот дрес на нашата земја да биде се поатрактивен за фудбалерите, особено за оние кои во минатото решиле да изберат друга селекција. Таков е случајот со Асани, кој сега во разговор за емисијата „Еуро Дриблин“ признава дека со раширени раце би прифатил повик од Македонија.
– Бев навистина млад додека настапував за Македонија, а потоа дојде поканата од Албанија. Како и секој Албанец, бев возбуден од тоа и ја прифатив понудата, секој Албанец сака да игра за репрезентацијата на Албанија. Сепак, сега ќе чекам повик од Македонија и ќе ја почитувам понудата доколку добијам такво нешто.
– Желба на моето семејство е да бидеме во Албанија, но ако прв дојде повикот од Македонија, ќе размислам за тоа. Веќе четири години сум во Партизани и луѓето од албанската Федерација не се баш пријателски настроени кон мене, никој не ме погледна, – вели Асани.
-
Италија13 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија14 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија15 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
АТП6 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Англија15 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Италија8 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија7 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет12 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!